Неименуван Индиец бил толку разочаран од автомобилот што го добил како подарок за роденден од неговиот татко, што решил да направи радикален потег.
Дваесет и две годишното момче добило БМВ во вредност од околу 49 000 долари од неговиот татко, но сакал Јагуар, кој чини нешто повеќе.
Тој бил толку разочаран и лут што го турнал новиот автомобил во една река во северната индиска држава Харајана, јави „Кликс.ба“.
Полицијата започна истрага за целиот случај.