Сириските владини сили денеска зазедоа територија на бунтовниците во северозападна Сирија, јавија сириските државни медиуми.
Заземањето на Ал-Сахра во северната провинција Хама уследи откако сириската армија вчера ја врати контролата врз две села и покрај прогласениот прекин на огнот, што беше договорен на почетокот од неделата.
Сириските владини сили се во близина на градовите кои се под контрола на бунтовниците – Латамнех, Кафр Зајта и Ал-Хабет.