Прв енергетски министерски состанок меѓу Грција, Кипар, Израел и САД

Од:

Можностите за соработка во областа на енергијата и потврдување на заедничката заложба за промоција на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот во Источниот Медитеран, беа дел од темите за кои стана збор на првиот енергетски министерски самит 3+1, на кој учествуваа министрите за енергетика на Грција, Кипар, Израел и САД.

Во заедничката писмена изјава по самитот одржан во грчката престолнина, велат дека беа одредени неколку области од заеднички интерес, меѓу кои, инфраструктурните проекти, обновлива енергија и складирање на енергија, подготвеност за итни случаи, заштита на животната средина и сајбер безбедност и „се согласија да формираат Работна група на високо ниво која ќе ги промовира конкретните енергетски проекти“.

„Министрите и САД ја потврдија нивната целосна поддршка и солидарност за Република Кипар во однос на истражувањето и развојот на ресурсите во ексклузивна економска зона и ја изразија нивната загриженост за неодамнешните провокативни чекори во регионот на Источниот Медитеран. САД, исто така, ја потврдија нивната позиција дека изворите на нафта и природен гас на островот треба правично да се поделат меѓу двете заедници во рамките на целокупното решение“, пишува во заедничката изјава по состанокот.

На прес конференцијата по самитот, министрите говореа за важноста на енергетската соработка, која може да се префрли и во други области.

-Енергетиката може да биде мост за политичка стабилност и економски развој, рече помошникот државен секретар на САД задолжен за енергетика, Франсис Фанон.

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Костис Хаѕидакис рече дека заедничката декларација целосно ги покрива позициите и политиката и на грчката и на кипарската влада во однос на правата на Кипар во ексклузивната економска зона.

-Оваа средба, не е средба против никоја земја, туку е средба во корист на меѓународното право и договорите и има за цел да ја промовира соработката во регионот, рече Хаѕидакис.

Министерот за енергетика на Кипар, Јоргос Лакотрипис ги информирал неговите колеги за неодамнешните прекршувања од страна на Трција во ексклузивната економска зона на Кипар и истакна дека добил поддршка и солидарност од министрите присутни на состанокот.

-Кипар е посветен да продоли да соработува со соседните држави за стабилност и просперитет на народите, рече Лакотрипис.

Неговиот колега од Израел, Јувал Штајниц рече дека преку енергетиката ќе се промовира соработката.

На министерскиот состанок станало збор и за гасоводот EastMed за кој министрите рекоа дека ќе се соработуваат и со Италија за да се забрза процесот на изградба.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он