ВИДЕО: Беџети кривично да одговара за платформите на Матка, предложи Антикорупциската

Од:

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети кривично да одговара поради непостапување по барањата за легализација на дивите платформи на Матка, а Владата да ги одземе градежните овластувања на Општината, предложи денес Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупционерите утврдија дека платформите на Матка не може да бидат легализирани оти се објекти од времен карактер, а освен тоа во поднесените барања за легализација недостигале низа согласности од надлежни органи.

“Поднесени се две барања за легализација на 8.2 и 24.12.2018 година од Амет Саити и Џемаил Саити. Констатиравме дека градоначалникот не одговорил на барателот иако општините се тие кои даваат дозвола за градење од локален карактер. Градоначалникот е надлежен да решава. Со непостапување се прекршени одредбите од Законот за локална самоуправа“, образложи Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциската комисија констатираше дека според извештајот на Државниот инспекторат за животна средина, без водостопанска согласност не може да се гради на таа локација.

„Државниот инспекторат констатирал дека барателите на легализација треба да ги отстранат објектите. Воедно упатена е и забрана на таа локација да има моторни чамци”, рече претседателката Ивановска.

Таа нагласи дека ако градоначалникот одговорел на барањата  и донел решение дека не може да се легализираат, институциите ќе можеле да постапуваат.

Антикорупционерите на денешната седница најавија дека за решавање на случајот „диви платформи на Матка“ ќе испратат препорака и до Министерството за животна средина за што поскоро да го донесат законот за Матка и Водно кој прецизно треба да утврди каде и што може да се гради во кањонот.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

Кузеска: За бегството на Рамадани владата сама се демантираше, Пандов и Меџити одговорноста ја лоцираа во МВР

Стојаноски: Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД