Кинеската војска со предупредување до жителите на Хонг Конг

Од:

Командантот на кинеската армија во Хонг Конг по првпат ги коментираше протестите, предупредувајќи дека немирите „сериозно го загрозуваат животот и безбедноста на луѓето“ и не треба да се толерираат, објави „Гардијан“.

Командантот на кинескиот гарнизон во Хонг Конг исто така предупреди дека тие се „одлучни да го заштитат националниот суверенитет, безбедност, стабилност и просперитет на Хонг Конг“.

Властите во Хонг Конг покренаа обвинение за 42 демонстранти, кои се ослободени со кауција. Меѓу нив најмладите имаат по 16 години.

Протестите во Хонг Конг се одвиваат осум последователни недели во врска со предлогот на властите за екстрадиција на осомничени сторители во Кина. Планирани се повеќе протести за следните две недели.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик