Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

Од:

Преговорите во Брисел за царините воведени од Европската Унија за електрични возила увезени од Кина завршија со „големо несогласување“, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Преговарачите не постигнаа решение прифатливо за двете страни, иако постигнаа значителен напредок во одредени области, се вели во соопштението.

Официјален Пекинг ги покани преговарачите на ЕУ на следната рунда преговори што ќе се одржи во Кина.

Земјите-членки на ЕУ во петокот гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Така, Европската комисија воведе доплата до 35 отсто на данокот од 10 отсто што е веќе на сила за електрични возила од кинеско производство.

Овие тарифи треба да стапат на сила кон крајот на октомври.

Пекинг, кој го оцени ова како „неправедна и неразумна протекционистичка практика“, веќе одговори со воведување контратарифи за свинско месо, млечни производи и жестоки пијалаци на база на вино увезени од ЕУ, вклучително и коњак.

Претставниците на Пекинг и 27 земји од ЕУ одржаа осум рунди преговори во Брисел од 20 септември.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени