ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги на северот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти.

Во ударот, повеќе од 3.000 куќи беа оштетени, а околу 400 далноводи беа срушени, а во неколку поголеми градови, вклучително и главниот град Ханој, имаше прекин на струја и прекини во комуникацијата.

Пријавени се и штети во многу училишта, продавници и канцеларии, а најмалку 25 чамци потонаа во провинцијата Куанг Нин, јавува Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Земјоделското производство, исто така, претрпе значителна штета, при што 121.500 хектари ориз и земјоделски култури се поплавени или уништени, додека повеќе од 1.000 кафези за аквакултура беа однесени од водата.

Властите работат на отстранување на последиците од тајфунот и на теренот распоредија речиси 500.000 воен персонал и над 10.100 возила за различни намени, додека околу 50.000 луѓе се евакуирани од крајбрежните области.

Иако тајфунот ослабна во тропска депресија, до утре вечер се очекуваат обилни врнежи во северозападниот регион на Виетнам, а жителите се предупредени на ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Јаги, опишан од виетнамските метеоролошки власти како „еден од најсилните тајфуни во регионот во изминатата деценија“, во саботата стигна на копното во оваа југоисточна азиска земја, откако невремето остави две лица загинати, а стотици беа повредени во Кина.

Супертајфунот се очекува да го погоди и Лаос.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски