Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

Од:

Директорите на американската ЦИА и британската разузнавачка служба МИ-6 во заеднички текст за „Фајненшл тајмс“ порачаа дека продолжувањето на политиката за поддршка на борбата на Украина против Русија е поважно од кога било.

Коментарот за Фајненшл тајмс, напишан од директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и Ричард Мур, шеф на британската тајна разузнавачка служба (МИ-6), е првиот заеднички текст на шефовите на двете разузнавачки служби, објави Ројтерс.

„Партнерството лежи во срцето на посебните односи меѓу нашите земји“, напишаа тие.

Агенциите се „заедно во отпорот на агресивната Русија и на војната на Путин против Украина“, се додава во текстот.

Продолжувањето на постојните политики за помош на Украина е „повитално од кога било“, заклучуваат Барнс и Мур.

„Путин нема да успее да го згасне суверенитетот и независноста на Украина“, рекоа Вилијам Барнс и Ричард Мур, додавајќи дека нивните разузнавачки служби ќе продолжат да им помагаат на украинските разузнавачи.

Барнс и Мур рекоа дека ќе продолжат да работат за да се спротивстават на „непромислената кампања на саботажа низ Европа од страна на руските разузнавачи“ и нејзината „цинична употреба на технологијата“ за ширење дезинформации за „да се втурнат клинови меѓу нас“.

Тие, исто така, рекоа дека ги реорганизираат своите агенции за да се приспособат на подемот на Кина, која ја нарекоа „главниот разузнавачки и геополитички предизвик на 21 век“.

Агенциите, според Барнс и Мур, исто така „ги искористиле разузнавачки канали за силно задржување и деескалација“ на Блискиот Исток и работат на прекин на огнот во Газа што може да стави крај на „ужасната загуба на палестинскиот цивилен живот“ и да доведе до ослободување на заложниците земени од Хамас за време на нападите врз Израел на 7 октомври. Барнс е водечкиот американски преговарач во тие преговори.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја