Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Од:

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен денеска ја осуди заканата на рускиот претседател Владимир Путин со нуклеарно оружје како „неодговорна“. Претходно, Кремљ денеска објави дека промените што ги најави Путин во руската нуклеарна доктрина треба да се сметаат за „специфичен сигнал“ до Западот.

„Тоа е целосно неодговорно. Мислам дека многумина во светот го кажаа тоа јасно кога Путин се заканува со нуклеарното оружје – вклучително и Кина“, рече Блинкен во интервју за MSNBC.

„Затоа сакам да го повторам истото сега, во време кога целиот свет се собра и зборуваме за потребата од разоружување и неширење на нуклеарното оружје“, рече Блинкен, кој учествува на Генералното собрание на ОН што се одржува во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна

Русите ја зазедоа Михаиловка

САД се погласно најавуваат распоредување на THAAD системот во Израел

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ