Две банки во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), наводно, одобриле финансиски трансакции со Иран и покрај американските банкарски санкции, јави агенцијата Анадолија.
Во изјава за Иранската работничка новинска агенција (ИЛНА), генералниот секретар на Сојузот на менувачници на Иран, Шахап Курбани, рече дека Иран и ОАЕ, и покрај санкциите, ја развиваат банкарската соработка.
– Две банки во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се подготвени за финансиска соработка со Иран. Започнати се преговори за ова прашање, но трансакциите сè уште не се оперативни, нагласи Курбани.
Според него Иран ги реализира банкарските трансакции преку Оман, чија валута не е поддржана на меѓународните пазари, и затоа преферираат да соработуваат со банки од ОАЕ, и покрај тоа што се поскапи.
Курбани не ги соопшти имињата на банките.
Финансиските трансакции на Техеран со меѓународните банки се ограничени како резултат на едностраните банкарски санкции на САД кон Иран.