Спасовски: Однесувањето на Усеини е крајно насилничко

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека однесувањето на советникот Нефи Усеини е неодговорно и насилничко. Ставот на министерот следува по низа физички и вербални напади кон повеќе лица во кои учествуваше Усеини.

„Тоа е состојба на еден човек кој се однесува крајно неодговорно и насилнички. Знаете дека за еден од случаите – нападот на советник – веќе има поднесено кривична пријава за насилство до Jавното обвинителство. Постапено е и по овој случај. Повикан е во станица, земена му е изјава“, рече Спасовски.

„А1он“ објави дека советникот Нефи Усеини го натепал професорот Илјаз Илјази, кој, пак, сведочеше дека кон него биле упатени смртни закани. Усеини ја користел позицијата на моќ претставувајќи се како советник.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата што ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни, пак, Усеини го натепа својот колега од Советот, Џелал Мена.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов