„360 степени“: Катица Јанева побарала бришење на сите датотеки од компјутерите на СЈО

Од:

Шефицата во оставка, Катица Јанева, побарала од вработените во ИТ-секторот на СЈО да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на сите компјутери во Обвинителството, објави „360 степени“. Според нивните информации, Јанева издала усна наредба, а вработените ги направиле првите подготовки пред да се спроведе бришењето на податоците. Во текстот се додава дека ова бришење нема да ги загрози документите кои ги има во системот на СЈО, но ќе бидат избришани сите податоци за тоа во кое време, кое лица и што било работено.

„А1он“ се обиде да стапи во контакт со Катица Јанева, но таа не одговара на повиците. Дел од обвинителите на СЈО со кои исконтактиравме не знаат за оваа наредба на Јанева и велат дека прочитале од медиумите.

Наредбата на Јанева за бришење на датотеките од компјутерите на СЈО доаѓа во период кога Основното јавно обвинителство води истрага за случајот „Рекет“, каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец. За прибирање докази во овој случај, Русковска побара да и се одземат телефоните на Катица Јанева. Според ОЈО, Боки 13 го користел влијанието врз Катица Јанева за да олесни положба на осомничени во постапката „Империја“ која ја води СЈО.

 

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење