ВМРО-ДПМНЕ: Заев се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него

Од:

„Зоран Заев, синонимот за лаги и дезинформации, се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него.

Денешната прес конференција е само уште една потврда дека слободата на говор во Македонија е загрозена, а медиумите се соочуваат со уцени, закани и цензура од власта“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев.

„Ако сака да знае што се навистина “лажни вести“, еве ќе го потсетиме:

Лажна вест и дезинформација е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики.

Лажна вест и дезинформација е дека Курто Дудуш не малтретирал и не навредувал сограѓанин.

Лажна вест и дезинформација е дека генералниот секретар на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра.

Лажна вест и дезинформација е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за почеток на преговори.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе го штити идентитетот и жицата македонска.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе обезбедел економски раст од 5-7% на годишно ниво.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе го намалел бројот на министерства во владата.

Јасно е дека планот на лажгото Зоран Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат.

Зоран Заев со лаги и дезинформации дојде на власт. Секоја негова лага и дезинформација сега се открива. Затоа е Заев во паника и се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите.

Колку оваа однародена власт го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали.

Гласноста на народот и јавноста ќе ги победи молкот и цензурата на власта.

Лагите и дезинформациите ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот