ВИДЕО: Заев им објави војна на лажните вести

Од:

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата го претстави предлог планот за одлучна акција против ширењето дезинформации.

Заев најави безбедносни и проактивни мерки, воведување безбедносни протоколи за комуникација со институциите, за безбедно комуницирање преку интернет и електронска пошта, зајакнување на внатрешната ИТ инфраструктура.

Заев рече дека поради тоа, сега користи нов телефонски број со поголема безбедност.

Премиерот рече дека ќе биде нова стратегија за транспарентност, ќе бидат објавени официјални одговори на прашања на медиуми и граѓани за да се спречи извртување на официјалните ставови на Владата.

Владата, како што кажа Заев ќе формира акциска група против дезинформации која ќе ја координира министерот Роберт Поповски, а одговорен ќе биде посебниот советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец.

Ќе биде спроведувана кампања од јавен интерес за штетното влијание на дезинформациите, а Владата ќе прави и внатрешна кампања за вработените.

Владата ќе креира и национална стратегија за медиумска писменост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Казни ако ширите лаги дури и да не сте знаеле – како да се заштитите?

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Споделувате ли се и сешто на интернет, помагате во ширење лаги – како да се заштитите

(ВИДЕО) Видео од позната игрa место од Украина, ТВ објавија, експерти коментираа – лаги на кои наседнаа сите

(ВИДЕО) Казни ако споделувате лаги на социјални мрежи – затвор, пари, што вели македонскиот закон

Анита Петровска Рајковиќ