Помпео: Велика Британија треба сама да ја осигура безбедноста на своите бродови

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео јасно порача дека Велиа Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, пишуав европската редакција на Политико.

Во интервју за „Фокс њуз“ шефот на американската дипломатија го искоментира запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот теснец.

-Првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија, изјави тој.

Притоа тој Иран го нарече „лош режим“ и додаде дека „тие веќе го направиле тоа што е национално пиратство-национална држава што заробува брод што пловел во меѓународни води“.

-САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта, рече Помпео.

„Не сакаме војна со Иран. Сакаме да се однесува како нормална држава. Мислам дека тие го разбираат тоа и мислам дека целиот свет веќе го дозна фактот дека заканата е реална“, посочи Помпео.

Танкерот, чиј екипаж го сочинуваат главно Индијци, во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски