Харден нема да игра на Светското во Кина

Од:

Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден нема да игра на Светското првенство во Кина што ќе се одржи ова лето, објави дневниот весник „Хјустон Хроникл“.

Кошаркарот изјавил дека ќе остане дома ова лето за да се подготви за промените кои се очекува да стартуваат кај „ракетите“ пред почетокот на сезоната 2019/20.

Харден стана втората голема ѕвезда од НБА, која најави дека нема да го облече дресот на својата татковина за Светското првенство, откако пред него, новото засилување на Лос Анџелес Лејкерс – Ентони Дејвис исто одби повик од штабот на Американците.

Џејмс Харден има два златни медали досега во својата кариера со репрезентацијата на САД – од Олимписките игри 2012 и Светското првенство 2014 година.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба