Тројца Мароканци добија смртни казни за убиство на две скандинавски туристки во Мароко

Од:

Судот за борба против терорзимот во мароканскиот главен град, Рабат на три лица им изрече смртна казна за убиството на две скандинавски туристки во земјата во декември минатата година, пренесоа западните агенции.

Убиството беше извршено во име на терористичката организација Исламска држава, потсетуваат француските медиуми.

Еден од осудените е 25-годишниот радикализиран трговец Абделсамад Еџуд, кој призна дека го организирал убиството на двете жени, заедно со своите двајца соучесници, Јунес Узијад (27) и Рашид Афати (33).

Луиза Јесперсен од Данска и 28-годишната Норвежанка Марен Јуеланд беа убиени додека биле на екскурзија во оддалечениот регион во планините Атлас, што се наоѓаат во јужниот дел на Мароко.

Иако во оваа земја и натаму се изрекуваат смртни казни, во неа од 1993 година де факто се применува мораториум врз извршувањето на смртната казна, а во моментов има дебата дали ваквата пракса да се укине, забележуваат француските медиуми.

Во процесот што се води за убиството на младите Скандинавки им се суди на вкупно 24 лица, а дел од нив се осомничени за учество во подготовка на убиството, додека други за припадност кон џихадистичката ќелија. Останатите 21 осомничени добија казни од пет години до доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска