(ВИДЕО) Ристоска: Истрагата за рекетираниот сведок треба да продолжи

Од:

На прес-конференцијата во СЈО поладнево обвинителката Ленче Ристоска, во придружба на сите обвинители (без тројцата отсутни Фатиме Фетаи, Стевчо Донев и Бурим Рустеми кои биле на годишен одмор) и без присуство на шефицата, Катица Јанева, рече дека се загрижени за случувањата поврзани во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за вмешаност на обвинител од СЈО, во влијание за запирање на истрагата.

Наредени еден до друг, како на денот кога ги поднесоа обвиненијата, но без тројца обвинители и еуфорија, атмосферата во СЈО беше збунувачка. Термометарот покажуваше 25 степени, а бројните новинарски екипи се обидоа да најдат место за изјавата на Ристоска.

„Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на оваа институција. Секогаш како обвинителски тим, како истражителски тим и како вработени сме постапувале во согласност со законските прописи“, рече Ристоска пред бројните новинарски екипи.

„Ние стоиме зад работа која сме ја завршиле до сега. Ве уверувам дека сите пстапки за кои има обвинителни акти и за кои има судења не се доведени во прашање“, кажа обвинителката.

„Внимателно и следиме случувањата и се разира дека во однос на актуелните случувања изразуваме голема загриженост. Апелираме да се почитува пресумпцијата на невиност“, рече Ристоска пред новинарите.

Обвинителката рече дека се придружуваат на повикот на државниот јавен обвинител на повикот дека секое лице засегнато од криминалитет треба да одговара и ги поздравија напорите на надлежните органи да го истражат случајот. Ристоска објасни дека стојат на располагање за соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ако тоа од нив биде побарано.

Јанева денеска не се појавила на работа, а неа ќе ја заменуваат Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска. Ристоска рече дека изјавата е во име на колегите кои се со неа.

„Секој предмет е засебен. Ова значи дека истрагата треба да продолжи, дали сведкот ќе се гони или не, зависи од резултатите на таа истрага. Ако сомнежите се потврдат и дојде до тоа дека свеодкот сторил кривично дело, се разбира дека треба да следи обвинение за сведокот. Меѓутоа, доколку не дојдеме до такви сознанија истрагата се запира. Сето тоа, зависи од натамошниот тек на истрагата. Јас не можам да прејудицирам како тоа ќе заврши“, рече обвинителката одговарајќи на новинарско прашање.

Обвинителката рече дека има информации, но не појасни точно зошто времето на дејствијата од новата истрага на Русковска, кореспондира со времето кога е отворена „Империја“ во СЈО, дали на колегиум било разговарано за предлозите за пуштање на осомничените од притвор во куќен притвор и за поплавата во март во СЈО, во која беа оштетени и документи од случајот „Империја“.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов