Жалбениот совет на Хашкиот трибунал го ослободи денеска поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија Момчило Перишиќ од обвинението за злосторства во БиХ и во Хрватска и наложи веднаш да биде пуштен на слобода.
Претходно, Перишиќ беше осуден во 2011 година на 27 години затвор поради злосторства извршени во Сараево и Сребреница во периодот од 1993 до 1995 година и за време на гранатирањето во Загреб во мај 1995 година.
Жалбениот совет денеска ја поништи таа осудувачка пресуда.
Перишиќ на 7 март 2005 година доброволно се предаде на Хашкиот трибунал и истиот ден е префрлен во надлежност на тој суд.