Гибралтар задржа танкер со иранска нафта за Сирија

Од:

Гибралтар денеска го задржа супертанкерот Грејс 1 под сомнеж дека носи сурова нафта за Сирија, кршејќи ги на тој начин санкциите на ЕУ против земјата.

Мапите на провајдерот за финансиски податоци „Рефинитив Ејкон“ покажуваат дека Грејс 1 наполнил иранска сурова нафта на 17 април и доколку тоа се потврди ќе значи дека се прекршени и американските санкции против иранските извозници на нафта.

Владата на Гибралтар наведува во соопштението дека постои основа за сомнеж оти танкерот превезувал сурова нафта кон рафинеријата Бањас во Сирија, која е во сопственост на лице кое е под санции на ЕУ.

Премиерот Фабиан Пикардо истакна дека, со негово одобрување, пристанишните сили и агенциите за спроведување на законот побарале помош од Кралската морнарица при извршување на операцијата.

Во меѓувреме, Велика Британија ја поздрави „цврстата акција“ на Гибралтар, додавајќи дека со таквиот потег е испратена јасна порака оти е неприфатливо кршење на санциите од ЕУ.

– Ја поздравуваме цврстата акција со која се обезбедува почитување на санкциите на ЕУ против сирискиот режим и сакаме да ги пофалиме властите во Гибралтар за успешно спроведената операција, изјави портпарол на британската премиерка Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град