Грејс Џонс по само неколку минути ја напушти сцената на „Џејмс Бонд“

Од:

Британската пејачка, модел и глумица, Грејс Џонс ја напушти сцената на новиот филм „Џејмс Бонд“, само неколку минути откако се појави на неа.

По повредите на главниот актер Даниел Крејг пред еден месец и сегашната експлозија во студиото, каде што за среќа не настрада никој, се чини, проблемите за филмаџиите не запираат.

До новиот инцидент, наводно, дошло затоа што Грејс била незадоволна, па дури и навредена, од кусиот текст и минутажата што ги добила во филмот. Иако е договорена кратка улога, таа сепак, како што велат изворите, не очекувала да биде до толку кратка.

– Таа има одреден углед, па сите правеа сѐ за да се чувствува добро. Но, таа очекуваше многу поголема улога, па ова кусо појавување го доживеа како понижување, открива неименуван извор од снимањето на „Бонд 25“.

Грејс во 1985 година ја глумеше негативката Меј Деј во „Џејмс Бонд: Поглед на убиство“, наспроти Роџер Мур како главен протагонист.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Горан Наумовски

Почина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс Бонд

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски