Достоинство продолжува со активностите против, велат, албанскиот екстремизам. Стојанче Ангелов ги повика граѓаните да дојдат и да ги поддржат и овие денови, а особено во сабота кога ќе се организира помасовен собир.
Сепак укажа дека македонскиот менаталитет за жал е таков, многумина се плашат а некои рече, се и мрзеливи.
„Во понеделник ќе собереме 100 граѓански потписи кои ќе му ги предадеме на Трајко Велјановски за организирање референдум. Во рок од три дена Велјановски треба да каже дали иницијативата е уредна за да се продолжи со собирањето на граѓански потписи.Ние не сакаме да се поклопи оваа иницијатива со локалните избори, бидејќи ова е национална политика. Поддршка треба од сите граѓани без разлика на нациооналната припадност“, рече Стојанче Ангелов.
Достоинство бара граѓаните на референдум да се изјаснат дали се за министрите за одбрана, правда и внатрешни работи да можат да бидат бивши команданти на екстремистичките групи и УЧК.