А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Макрон: Отфрлени тројца водечки кандидати за претседател на Европската комисија

by А1он21/06/2019 - 17:06416
Share0

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека челниците на Европската унија отфрлиле тројца водечки кандидати за претседател на извршното тело на Унијата, Европската комисија.

Добивај вести на вибер

Во изјава по денешниот самит на ЕУ, Макрон изјави дека е „истакнато оти ќе биде невозможно тие тројца кандидати да се задржат“.

Кандидатот на десниот центар, Манфред Вебер од Германија, Холанѓанецот Франс Тимерманс од левиот центар и либералната кандидатка која се залага за слободен пазар Маргрет Вестагер од Данска, се сметаат за најголеми фаворити за претседател на Европската комисија и наследник на Жан Клод Јункер.

Нив тројца ги поддржа Европскиот парламент, но Макрон е против системот кој ги фаворизира и сака други имиња во Комисијата, која предлага и спроведува закони на ЕУ.

Макрон рече дека разговорите меѓу челниците на ЕУ се во тек „за да се обезбеди да се појават други имиња“. Челниците повторно ќе се состанат на 30 јуни за да ги финализираат преговорите за именување функционери на клучните позиции во ЕУ.

EKeufrancija

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 22:27

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:19

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен