Во Драч уапсен гостиварец при обид за шверц на цигари за Италија

Од:

Албанската полиција во пристанишинот град Драч уапсила македонски државјанин, во обид да прошверцува 309 штеки цигари.

Цигарите биле откриени во автобус кој од Македонија, преку Албанија требало да замине за Италија со траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.

Уапсен е Ќ.С.(32) жител на Гостивар, возач на автобусот, кој всушност и се обидел да ги прошверцува цигарите, главно малборо, вилсон, бос и вест.

-Службите на граничната полиција, во спроведувањето на дополнителни мерки за спречување, откривање и казнување на недозволена трговија со акцизна стока, во соработка со царинските служби, при контрола на втората линија на автобуси и камиони, во автобус од Македонија,со кој управуваше Ќ.С. открија скриени внатре во автобусот 309 стеки со цигари од различни марки кои не биле пријавени од страна на возачот на автобусот, стои во полициското соопштение.

Се додава дека Ќ.С. жител на Гоствар,пред судот во Драч ќе одговара за кривично дело „недозволена трговија со стока за која се плаќа акциза“ и „Трговија и транспорт на шверцувана стока“.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он