Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Од:

На студентски протест во Рим против кратењата во образованието и зголемените трошоци за оружје, се судрија демонстрантите и полицијата, јавува италијанската државна телевизија РАИ.

Се наведува дека полицијата превентивно ги блокирала премините кон Претставничкиот дом, а неколку демонстранти се обиделе да поттикнат пробивање на полициската блокада.

Се додава дека учесниците на протестот во Рим го запалија и знамето на ЕУ пред зградата на Министерството за образование.

„Зголемувањето на средствата за вооружување е неприфатливо, а во исто време се намалуваат средствата за универзитетите“, порачаа учесниците на протестот преку мегафони, пренесе РАИ.

Потсетија дека само во минатата година средствата за образование се намалени за 170 милиони евра.

Учениците носеа транспаренти со натпис „Не бомби, туку училишта за сите“.

Демонстрантите направија цели со ликовите на италијанскиот премиер Џорџa Мелони, министерот за образование Џузепе Валдитаре и претседателката на Европската Kомисија Урсула фон дер Лајен.

Учениците посочија дека политиката кон образовните институции и планот за вооружување покажуваат целосна потчинетост на интересите на компаниите кои произведуваат оружје, како и на поединци во приватните училишта и универзитети.

Би можело да ве интересира

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Влезот во Венеција може да чини и до 50 евра

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он

Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Горан Наумовски

Се урна зграда во Италија