По четири години откако беа признати за трет пол, пакистанските транссексуалци со евнух ќе се претстават на претстојните парламентарни избори, пренесоа француските медиуми.
Гласањето ќе се оддржи оваа пролет.
Тоа ќе бидат први парламентарни избори во Пакистан од неговото создавање во 1947 година, кои се спроведуваат откако владата го истурка својот полн мандат.
Во 2009 година пакистанскиот Врховен суд на владата и нареди да ги признае транссексуалците (кои се такви по своја волја или заради својот социјален статус) како одделен пол.
Во категоријата на овој пол се најдоа и евнусите – малцинство, кое брои околу 500.000 лица во Пакистан. Претставниците на малцинството се упатени на проституција, на питачење, а посреќните танцуваат по свадби за пари.
За едно пратеничко место на претстојните избори ќе се бори и Санам Факир. Овој евнух ќе се јави како независен кандидат од провинцијата Синд. Неговите шанси за осовјување на пратеничкото место, меѓутоа, се мали, затоа што регионот се смета за бастион на владеачката Пакистанска народна партија.
Санам Факир има диплома за завршено средно образование, што е реткост за пакистански евнух. Тој раководи со хуманитарна организација, која се грижи за образованието на другите транссексуалци.