Секојдневно преку Дунав во Црно Море се влеваат 4 тони пластика

Од:

Дунав секојдневно „транспортира” до Црното Море над 4,2 тони пластика, односно – 1,533 тони годишно, посочи романската асоцијација „Повеќе зеленило”. Таа органзиација денеска презентираше програма за борба и превенција на загадување со пластика во водите на реката Дунав.

Програмата наречена„”Со чисти води”, вклучува активности за чистење на брегот на реката Дунав во периодот од 5 јуни, кога се одбележува Меѓународниот ден на животната средина, до 29 јуни, кога е Денот на Дунав.

Иницијаторите на програмата планираат соработка со европски и светски институции како Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав и организациите на ОН за животна средина и води, а во контекст на истражувањата кои откриваат дека загадувањето со пластика на светските океани е еден од најсериозните еколошки проблеми во светот.

Според проценки до 2050 година е можно во водите да има повеќе пластика отколку риби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

A1on

На брегот на Дунав пронајдено уште едно тело-најверојатно е третиот од исчезнатите во превртениот чамец

Предраг Петровиќ

Обдукцијата потврди: Телото на исчезнатиот Милан Николиќ е извлечено од Дунав

Ненад Тривковиќ чие тело е пронајдено на брегот на Дунав, иако не знаел да плива заштитниот елек им го дал на пријателите

(ВИДЕО) Драма на Дунав: Се преврте чамец, тројца исчезнати