Обдукцијата потврди: Телото на исчезнатиот Милан Николиќ е извлечено од Дунав

Од:

Од Дунав, во населбата Југово, вчера е извлечено телото на Милан Николиќ, еден од тројцата кои исчезнаа на 18 март кога им се превртел чамецот, потврди полицијата.

-По овластување на виш јавен обвинител во Смедерево, извршена е обдукција и идентификација на телото при што е утврдено дека се работи за триесет и шестгодишниот М.Н од Земун, еден од тројцата мажи по кои се трагаше од 18 март, кога поради превртување на чамецот паднале во Дунав кај Ада Хуја во Белград – се вели во соопштението на МВР, пишува Телеграф.

Да потсетиме, чамецот на младите се преврте во Дунав кога се враќаа од патување во Бела Стена, а несреќата се случи на 18 март доцна во вечерните часови.

Мане К. бил единствениот кој успеал да се спаси и да ја преплива реката и ја во првата куќа која ја виде побара помош.

Оттогаш, пријателите и семејството континуирано трагаат по тројцата исчезнати другари. Досега од реката се извлечени Милан и Ненад Тривковиќ, додека потрагата по исчезнатиот Милош Марковиќ продолжува.

Би можело да ве интересира

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

На брегот на Дунав пронајдено уште едно тело-најверојатно е третиот од исчезнатите во превртениот чамец

Предраг Петровиќ

Ненад Тривковиќ чие тело е пронајдено на брегот на Дунав, иако не знаел да плива заштитниот елек им го дал на пријателите

(ВИДЕО) Драма на Дунав: Се преврте чамец, тројца исчезнати

Најмалку 20 мигранти се удавија во близина на Грција, се стравува дека има уште десетици мртви

Горан Наумовски

Пронајдени тела на 15 мигранти крај брегот на Тунис