Најмалку 17 луѓе загинаа, а 11 се водат како исчезнати откако автобус падна во канал во северозападниот дел на Пакистан.
Меѓу загинатите пет се деца, а девет жени.
Со автобусот се превезувале роднините на невестата кои патувале кон градот Марадана.
Пакистан е земја со голем број сообраќајни несреќи поради лошите патишта, слабото одржување на сообраќајната мрежа и непочитување на прописите.