САД тврдат дека иранската Револуционерна гарда е одговорна за нападите врз танкери во ОАЕ

Од:

Армијата на САД ја обвини иранската Револуционерна гарда дека е директно одговорна за нападите врз танкери во Обединетите Арапски Емирати овој месец, опишувајќи го тоа како дел од „кампањата” на Техеран што поттикна нови акции на САД.

-Нападот на бродовите во Фуџејра му се припишува на ИРГЦ, изјави контраадмирал, Мајкл Гилдај, додавајќи дека Пентагон смета дека Гардата употребила поморски мини во тој напад. Тој одби да опише начин на доставување на мините.

Тие коментари Гилдај ги даде на информативен состанок во Пентагон свикан да се објаснат плановите на САД да испратат 900 луѓе, вклучувајќи инженери, на Блискиот Исток за да ја зајакнат одбраната на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија