Казни за општините ако за 30 дена не постапат по останатите 70.000 барања за легализација

Од:

Општините во Македонија се уште воопшто не постапувале по 70.000 предмети од граѓани со барање за легализација на дивоизградени објекти, иако документацијата била комплетирана. Државниот управен инспекторат им даде рок од 30 дена да постапат по предметите и во средината на март ќе изврши контролен надзор на преземените активности.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Државниот управен инспекторат Ромео Деребан денеска на прес-конференција ги презентираа резултатите од извршените редовни и вонредни инспекциски надзори на спроведувањето на Законот за легализација од страна на општинската администрација во изминатите две години.

Управниот инспекторат при контролата во 84-те општини изготви 78 решенија со кои им налага на општините да ги отстранат утврдените недостатоци. Доколку не постапат по укажувањата и не одговорат соодветно на предметите ќе следи прекршочна постапка и глоби за градоначалникот и општинските службеници кои се движат од 7.500 до 15.000 евра, односно од 1.500 до 3.000 евра.

При контролата е утврден и вкупниот број на барања за легализација кој изнесува 354.169. Од поднесените барања за 42.997 се донесени решенија за легализација од кои 35.710 веќе се процесуирани во Катастар со впишување на нелегалниот објект. Општините од вкупно поднесените барања за легализација досега одбиле 497, ја прекинале постапката за 234.132 предмети, претежно поради некомплетна документација, а постапуваат по 67.172 предмета.

Министерот Јанакиески повтори дека очекува до крајот на годинава да бидат легализирани над 100.000 дивоизградени објекти и апелира граѓаните што поскоро да ја комплетираат документацијата  со доставување во најголем број случаи геодетски елаборати. Со последните законски измени рокот за комплетирање на документацијата со елаборат истекува во јуни следната година. По тој датум граѓаните или фирмите што поднеле барање за легализација го губат таквото право.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска