„Зоран Заев направи пустош во државата. Качува даноци и ги ограбува граѓаните само за да можат синови, ќерки, браќа, сопружници да се поставуваат на добро платени места во администрацијата.
ВМРО-ДПМНЕ преку незадоволни членови на владеачката партија дојде до партиски списоци за вработување на СДСМ во Прилеп. Власта не вработува по закон, туку по список од партијата“, рече Петар Ристески – Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Според списоците кои ги имаме, а на кои стојат имиња на лица кои се вработени или треба да бидат вработени во идно време се гледа како на истиот стојат целосни податоци со име и презиме и институција односно претпријатие каде треба да бидат вработени.
На списокот стои името Мартина Младеновиќ од Прилеп, кој од 22.10.2018 година е вработена во средното училиште „Ѓорче Петров“. Тутунскиот комбинат во Прилеп исто така е место за вдомување на партиски кадри. Таму е вработен Жан Петанчески и тоа на 04.03.2019 година, тој на својот фејсбук профил исто така може да се забележи во друштво со функционери на СДСМ, како Љупчо Николовски.
Бумбаровски Валентин бил вработен на определено време во период од 26.11.2018 година до 25.02.2019 година.
Власта не бира институции каде да ги вдомува партиските кадри. Момироски Илчо, кој на својот фејсбук профил има слики со Зоран Заев од партиски митинзи, е вработен како судски полицаец во основниот суд во Прилеп.
Ова се четири нови вработување од партиските списоци на СДСМ. Ова е начинот на кој функционира СДСМ.
Зоран Заев и Горан Сугарески мора да одговорат колку партиски кадри и функционери на власта се вработени на овој начин?
Дали после непотизмот на повидок е нов скандал на вработување на активисти по список?
Наместо достапност на секое работно место за секој, добивме паритизирана администрација, вработена по партиски список.
Паритизираноста мора да стане минато. Владеењето на СДСМ мора да замине во историјата. Македонија заслужува подобро“, изјави Петар Ристески – Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.