Ора Њуз: Косово ја спасува албанската економија

Од:

Царината од 100 проценти што косовската Влада ја воведе за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, продолжува да го зголемува извозот на албански производи во Косово.

– Косово ја спасува албанската економија со воведната царина за српските производи. Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) потврдуваат дека албанскиот бизнис се повеќе наоѓа терен на косовскиот пазар. Извозот од Албанија кон Косово кој постојано бележи раст, во април е повисок за 70,4 отсто, додека во првите четири месеци за 52 отсто, споредно со истите периоди лани, наведува тиранската телевизија Ора Њуз.

Албанија во Косово најмногу извезува руда, нафта и градежни материјали. Со оваа динамика, Косово веќе го зазеде второто место на листата на трговски партнери на Албанија.

За четири месеци, извезените производи достигнале вредност од 8,9 милијарди леки (72,4 милиони евра).

Од друга страна албанскиот извоз кон други земји бележи пад.

Според ИНСТАТ, во првиот квартал од 2019 година, извозот на стоки достигнал 99 милијарди леки (810 милиони евра), што е намалување за 2,3 отсто, во споредба со истиот период лани. На тоа главно влијание има многу помалото производство на електрична енергија и на нафта во земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана