Шарапова: Ќе ми недостига Париз, до следната година

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова потврди дека нема да настапи на „Ролан Гарос“.

– Денес јас се откажав од настап на Отвореното првенство во Франција. Понекогаш повеќето правилни одлуки не се најлесните. Попријатни вести – се вратив на тренинг и постепено закрепнувам од повредата на рамото. Ќе ми недостигаш, Париз. До следната година, напиша Шарапова на Инстаграм.

Претходно, поради повреда на рамо, руската тенисерка се повлече од турнирите во Рим, Мадрид и Штутгарт.

„Ролан Гарос“ ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он