Шест животни со шпионски мисии

Од:

Неодамна рибари открија кит на норвешкото крајбрежје, кој се претпоставува дека бил руски шпион.

„Дојче веле“ направи список на животни шпиони ширум светот.

Русија тренира китови шпиони?

Овој наводно скротен кит е откриен од рибари на брегот на Норвешка. Тој допливал до нивните чамци и носел перница со ознака „Опрема Санкт Петербург“ (Equipment St. Petersburg). На оглавникот се наоѓала направа за монтирање на камера. Дали китот шпионирал за руското воено разузнавање? Можно е да се испуштил од руските воено морски сили.

Гулаби со шпионска мисија

Тајните служби ширум светот одамна користат животни шпиони. Уште во Првата светска војна германската војска ги користела фотографиите направени од страна на гулаби-поштари како средство за добивање информации. Уредот поставен на птицата можел да прави само 12 фотографии. Затоа гулабите морале да летаат во точно определена област. Тие никогаш не се користеле за долготрајни шпионски мисии.

Агент делфин

Во Израел постојат многу теории за животните со шпионска мисија. Во 2015 година радикалното исламско движење Хамас тврдеше дека во близина на Појасот Газа бил заробен делфин, на кој била поставена камера и шпионска опрема. Меѓутоа, сигурно е дека американските ВМС користат специјален вид на делфин за откривање експлозивни направи во рамки на програмата на Пентагон за морски цицачи.

Скокачкиот шпион?

Дали верверица е дел од стратегијата на израелските тајни служби? Во 2007 година Иран разби, наводно, ционистичка шпионска мрежа од верверици. Граничните службеници открија 14 верверици со GPS апарати на иранската копнена граница. Сепак, поврзаноста со израелските тајни служби не е докажана.

„Акустично маче“ – комплетен неуспех

Мачките, исто така, веќе го прислушувале непријателскиот камп. Во 1960 година, ЦИА вгради микрофони во четириножните шпиони во рамки на проектот „Акустичното маче“. Мачките морале да влезат во советската амбасада и да ги снимаат информациите. Сепак, проектот претрпе целосен неуспех. Првата мачка – шпион била згазена на улица од едно такси.

Пчелите – нови тренери?

Не е чудно пчелите да станат нови тренери. Тие можат да бидат обучени да реагираат на неприродни мириси, како на пример експлозиви. Најсоодветни за оваа намена се пчелите-скаути, чија задача е да најдат суровини и да ги пренесат резултатите на пчелите-собирачки. Експертите, сепак, велат дека во природата има премногу миризби што можат да ги одвратат инсектите.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он