Нов национален панда парк во Кина

Од:

Катастрофалниот земјотрес, кој ја погоди кинеската провинција Сечуан пред 11 години, беше трагедија за населението, но уништи и голем дел од живеалиштето на пандите, од кои некои угинаа.

Единаесет години подоцна, кинеската Влада одлучи во нивна чест да создаде голем национален парк, чиј конечен план ќе биде веројатно завршен оваа есен. Паркот ќе опфати 10.476 квадрати километри, што е речиси трипати поголем простор од Јелоустон во САД.

Најголем дел од неговата површина ќе се наоѓа во провинцијата Сечуан, во која живеат повеќе од 80 отсто диви панди. Инаку во провинцијата се наоѓаат десетина резервати на панди и други заштитени подрачја кои содржат илјадници растителни и животински видови, од кои повеќето се загрозени.

Позитивно е тоа што бројот на пандите во однос на 1980 година, кога биле околу 1.200, е зголемен, па според последниот попис во 2015 година сега ги има дури 1.864.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он