Министри и директори ја слават победата на Пендаровски во СДСМ

Од:

Министри, коалициони партнери, директори на државни институции се во штабот на СДСМ, каде го чекаат партискиот лидер Зоран Заев за да ги објави резултатите и да ја прогласи евентуалната победата на кандидатот Стево Пендаровски.

Меѓу присутните е министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на финасиската полиција Арафат Муареми, министерката за правда Рената Дескоска, заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и останати функционери од редовите на СДСМ.

Од коалициските партнери, прв пристигна Амди Бајрам, а потоа и Павле Трајанов.

Репортерите на „А1он“ од терен јавуваат дека засега не е пристигнат ниту еден претставник од ДУИ, иако претходно функционери на СДСМ најавиле дека ќе пристигне Али Ахмети.

Освен министрите и високите функционери, во партиското седиште на владејачката партија има поддржувачи кои веќе цел час играат оро со зурли и тапани, откако генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов прогласија победа на Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација