(ВИДЕО) Ахмети: Да не паѓаме во стапица, Талат не може да биде шеф на државата, да гласаме за Пендаровски

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на гласачите да не паѓаат во стапица – Талат Џафери е претседател на Собрание и тој нема да биде идниот претседател доколку има бојкот на изборите на 5 мај.

На трибината за повик на гласачите на ДУИ да гласаат за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски, Ахмети рече дека ДУИ има од 100 до 150 000 гласачи и дека е сигурен дека сите до еден ја разбрале идејата и дека ќе дадат поддршка на консензуалниот кандидат.

„ДУИ и јас како негов лидер она што го мислам тоа и го правам, не зборувм на празно. Консензуалниот кандидат е договаран и преговаран затоа што не од интерес само на Македонците, туку и на Албанците и ние го поддржавме овој концепт. Ако во почетокот бев скептик дека концептот ќе го поддржат Албанците сега сум сигурен дека на гласачите им е појасно што значи тоа. ДУИ има од 100 до 150 000 гласачи и јас сум сигурен дека сите до еден ја разбрале идејата и ќе дадат поддршка на консензуалниот кандидат“, рече Ахмети.

Да ве потсетам, додаде тој, дека и спикерот на Парламентот Талат Џафери беше изгласан консензуално, го гласаа и Албанци, и Македонци и други. Тој концепт, рече Ахмети, почна да се применува институционално почнувајќи од Парламентот.

Ахмети рече дека Албанците сонуваат претседателот на државата да биде Албанец и рече дека не е невозможно тоа да се оствари.

„Ве уверувам дека таа идеја ќе биде реалност еден ден и затоа ние сега во овој момент треба да го поддржиме Стево Пендаровски и да бидеме свесни дека не е невозможно еден ден Албанец да биде претседател на државата“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека сите кои што го разбрале концептот се свесни дека консензуалниот кандидат е тој што ќе нè одведе во НАТО и ЕУ. За нас, рече тој, како ДУИ е важно да ги отвориме преговорите со ЕУ и затоа поддршката е важна.

„Да ги тргнеме емоциите на страна и да размислуваме реално. А тоа значи сите заедно како што досега работевме за граѓаните и овој пат да покажеме дека ДУИ е силно и сите заедно на 5 мај да излеземе на избори и да го поддржиме Стево Пендаровски и да обезбедиме цензус“, рече Ахмети.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он