Турска група за човекови права денеска соопшти дека околу 3.000 затвореници се приклучиле на штрајк со глад, со цел да ги присилат властите да ја прекинат изолацијата во затворот на курдскиот лидер Абдула Оџелан.
Претседателот на здружението за човекови права Озтурк Туркдоган изјави дека 2.983 лица во 90 затвори одбиваат храна во знак на протест поради затворските услови во кои се наоѓа Оџелан, кој не можат да го посетат членовите на неговото семејство и адвокатите затоа што им се одбивани барањата за посета.
Прокурдската пратеничка Лејла Ѓувен почна штрајк од затвор во ноември. Оттогаш таа е пуштена и продолжува со штрајк дома.
Штрајкувачите со глад во Турција традиционално одбиваат храна, но земаат витамини и солени и шеќерни раствори.
Здружението на Туркдоган наведува дека Оџелан не ги видел своите адвокати од 2011 година. На братот на Оџелан не му била одобрена посета од половина час во јануари.