(ВИДЕО) Заев: 27 април е аларм, ја испраќам пораката на обединување и повикувам да продолжиме напред

Од:

Ја испраќам пораката на обединување по сите основи и повикувам да продолжиме напред. Заедно ја поставивме државата на правиот пат. Нашата држава е, и ќе биде среќен дом за сите граѓани. И од овој пат, назад нема, рече Заев денеска.

Но мораме да сме свесни за значењето на секоја наша индивидуална одлука. Затоа што, предизвици секогаш има, а од нашата решителност и од исправноста на нашите одлуки зависи и сопствената иднина и иднината на нашите деца и иднината на државата, додаде тој. 

“Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата. 

27 април потсетува и на нашата обврска, да не дозволиме никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи. 27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. 

Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја.

Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред. 

Овој народ секогаш носел исправни одлуки. Гласот на граѓаните е вистината. Тој глас е слушнати е разбран. Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја.”, заврши Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО