ОН: Борбите во Триполи стигнаа до центарот каде што се мигрантите

Од:

Борбите во главниот град на Либија стигнаа до центар за притвор, во кој се наоѓаат стотици притворени мигранти и бегалци, соопштија денеска Обединетите нации.

Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, изјави дека Агенцијата на ОН за помош добилa информации дека во притворскиот центар Каср Бен Гашир, во кој се наоѓаат околу 890 бегалци и мигранти, влегле вооружени лица.

Центарот се наоѓа на 20 километри јужно од центарот на Триполи.

Од ОН наведуваат дека околу 3.600 бегалци и мигранти се сместени во згради во близина на линија на огнот меѓу самопрогласената либиска национална армија и други вооружени милиции.

Петте центри се наоѓаат во области, кои веќе се погодени од борбите, додека има уште шест во непосредна близина на конфликтот.

-Ситуацијата во овие притворски центри е се полоша, а извештаите говорат дека стражари ги напуштаат своите работни места и ги оставаат луѓето во заробеништво, вели Дожарик и додава дека еден објект со денови е без вода за пиење.

Калифа Хафтар, воен командант со седиште во источниот дел на Либија, на 5 април почна воена акција со намера да го окупира главниот град Триполи, каде што се наоѓа седиштето на Владата, која ја признаваат ОН.

Бројот на жртвите од почетокот на новите судири во Либија достигна 270, а 1.300 лица се ранети, соопшти Светската здравствена организација, а според податоците на хуманитарни агенции на Обединетите нации, повеќе од 30.000 луѓе се раселени.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство