Пуштена 5Г мрежа во седум кинески градови

Од:

Претседателот на корпорацијата „Чајна Уником“ соопшти дека компанијата во седум градови во Кина во употреба пушта експериментална 5Г мрежа.

На Конференцијата за развој на 5Г иновации во Шангај, тој информираше дека проектот ќе ги опфати градските средини на Шангај, Гуангжоу, Шенжен, Нанкин, Хангжоу, Пекинг и новата економска зона близу главниот град.

Кинеското Министерство за информации и индустрија во декември минатата година ум издаде лиценци на три подружници на „Чајна Уником“, меѓу кои и „Чајна Телеком“, за тестирање на 5Г технологија.

Новото вмрежување ќе овозможи размена на податоци во реално време со брзина над 10 гигабајти во секунда, што е 30 пати побрзо од она кај 4Г технологијата, и ќе овозможи значително поголем капацитет на мрежата.

Меѓународниот телекомуникациски сојуз има намера 5Г технологијата да ја воведе како стандардна до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски