Компанијата Гугл соопшти дека на корисниците на паметни телефони во ЕУ, а кои го користат оперативниот систем „адроид“, од денеска ќе им понуди можност за избор меѓу пет пребарувачи и апликации за веб пребарување.
Со тоа, Гугл ја исполни пресудата на Европската комисија, која минатата година ја казни компанијата со рекордни 4,34 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила на ЕУ.
ЕК тогаш соопшти дека Гугл од 2011 година незаконски наметнал ограничувања на произведувачите на андроид уреди и операторите на мобилни мрежи за да ја зацврсне позицијата во пребарувањето на интернет. Освен тоа, Гугл на одделни големи произведувачи на мобилни телефони и оператори на мобилни мрежи им плаќал за однапред да инсталираат Гугл пребарувач на уредите.