Асанж задржан по барање на САД за негова екстрадиција

Од:

Основачот на Викиликс, Џулјан Асанж, е задржан од лондонската полиција по барање за екстрадиција од властите во САД.

Информацијата штотуку се појави на интернет-страницата на Скотланд јард, при што се истакнува дека судот ќе закаже сослушување „колку што е можно побргу“.

Министерството за правда на САД, според медиумите, минатата година подигнало обвиненија против Асанж, но тие материјали наводно биле заштитени под графата „строго доверливо“.

Во случај на негова екстрадиција во САД, Асанж може да добие долга затворска казна за шпионажа. Самиот тој многупати досега има изјавено дека во САД би можело да му биде изречена смртна казна.
Британската полиција денеска го уапси Асанж откако ја напуштил зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.

Апсењето на Асанж следи откако властите на Еквадор соопштија дека решиле да му го укинат азилот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ

Косовскиот министер за барањето екстрадиција на Рамадани: Нема да дозволиме криминално барање на трета земја да го отежнува слободното движење

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

Палчо слета во Македонија – ќе биде транспортиран во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Писмо од Палчо до Кренар Лога: „На денот на моето апсење барав да бидам екстрадиран, одолговлекувавте поради изборите“

A1on

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж