Палчо слета во Македонија – ќе биде транспортиран во Шутка

Од:

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, попладнево е екстрадиран во Македонија.

Како што дознава А1он Палчо веќе слетал попладнево на скопскиот аеродром со лет од Турција и во тек е негово спроведување во Истражниот затвор Скопје.

Палевски ќе биде сместен во посебно одделение во затворот во Шутка. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија.

Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па оттаму преку Бугарија стигна во Турција. Беше уапсен од страна на турската полиција во градот Баликесир.

Процедурите за негова екстрадиција траеа речиси 6 месеци.

Би можело да ве интересира

Каишиќ: Таткото на Вања се однесуваше чудно, Кешишов не однесе до местото каде беше закопано девојчето

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Ќерката на убиениот Панче Жежовски не го познава обвинетиот Љупчо Палевски

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка

Мајката на Вања денеска ќе сведочи во Основниот кривичен суд Скопје

„Не сме виновни“ рекоа обвинетите за смртта на Вања и Панче