ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ

Од:

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу.

Наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.

Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.

Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.

Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението од Кривичен суд од каде одговорноста за бегството на Блерим Рамадани ја лоцираат во МВР.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години