Река: Имавме заробена држава, ние сме за слобода на гласачот

Од:

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата за Албанците, вечерва во  Боговиње ја нагласи слободата на гласачот, а не, како што рече, диктатот на другите партии.

– Вашата присутност во овој голем број, потврдува дека сте против диктатот. Дел сме од едно време каде владејачките албански партии се против единствениот албански кандидат.

Владеење на поединецот ја приватизира државата. Цели 11 години имавме заробена и приватна држава, рече Река на средбата со жителите во Боговиње, каде што беше придружуван од лидерите на Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.

– Тука сме за да покажеме дека професорот Река е најдобар избор за сите Албанци. Река со поддршката на сите Албанци ќе го помине вториот круг и ќе биде победник на овие избори.

Покана кон сите Албанци, Македонци, Роми да гласат за Блерим Река затоа што тој е најдобар избор и најдобар кандидат за Македонија, истакна Касами.

Според Села, поддршката за Блерим Река е, како што рече, правниот пат кој треба сите да го следиме.

– На 21 април продолжуваме кон победата. Сите да го поддржиме Блерим Река, рече Села.

Би можело да ве интересира

Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

A1on

Дива населба во долината на Бабуна : Гето од дивоградби кое ниту може да се урне, ниту може да се легализира

A1on

Падна возило во река во Прилеп – спасени две лица

А1он

Димитриевски: Ние ја чистиме реката, но граѓани повторно фрлаат отпад и си градат мостови, МВР молчи

Мери Јордановска

ВИДЕО: Кумановка претворена во огромен контејнер – се полнат колички со отпад и се фрлаат во реката

Мери Јордановска