Баба и дедо се удавија во реката Струма во обид да ги спасат внуците – потрагата по двете деца сè уште трае

Од:

На реката Струма, во близина на селото Пастух во општина Невестино (Бугарија), се случи трагедија во која животот го загубија баба и дедо, додека потрагата по две деца, на возраст од околу 10 години, сè уште трае.

Според информациите потврдени од полицијата за бугарскиот портал „NOVA“, се претпоставува дека семејството беше на излет кога се случи несреќата.

Според регионалниот гувернер на Ќустендил, Атанас Гергинов, двете внучиња почнаа да се дават, по што бабата и дедото скокнаа во реката во обид да ги спасат. Нивните тела се пронајдени во реката.

Местото каде што престојуваше семејството е означено како камп, а според Гергинов, реката во тој дел е длабока меѓу осум и десет метри, што дополнително ја отежнува операцијата за спасување.

Со семејството имаше и трето дете, на возраст од околу шест години, роднина на исчезнатите момчиња. Тоа е пронајдено неповредено и во добра здравствена состојба.

Во потрагата по исчезнатите деца учествуваат припадници на полицијата, противпожарните и спасувачките служби, како и бројни доброволци, а во акцијата се вклучени и дронови кои го пребаруваат теренот.

„Обезбедено е сè што е потребно, а полицијата и пожарникарите се на терен. Имаме добра организација“, изјави Гергинов.

Потрагата по двете деца продолжува.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува