Мицкоски: Ние од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваме од ниеден човек

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Битолчани повика на масовност на изборите затоа што со победата ќе се предизвикаат и предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе се одржат наесен.

-Да го поддржиме кандидатот на опозицијата, најинспиративниот универзитетски професор. Победа на 21 април, и потврда на победата на 5 мај, и тоа тука во Битола, со што ќе се отворат вратите за предвремени парламентарни избори, а потоа најголемата коалиција, најголемата политичка коалиција во историјата на македонската држава ќе биде коалицијата на народот и опозицијата, само така ќе си ја вратиме Македонија во народот, рече Мицкоски.

На митингот во Битола, Мицкоски даде одговор на јавно поставеното прашање од власта, дали ќе се откаже од поранешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас во ВМРО-ДПМНЕ бев дел од првата генерација, од втората генерација, а ја предводам третата генерација на ВМРО- ДПМНЕ.

Ние не се откажуваме и никогаш нема да се откажуваме, а како секој лидер и претседател, се што било погрешно го прифаќам на себе и подготвен сум тоа што било погрешно да понудам да го исправам во мандатот доколку народот ми даде доверба.

Ние во ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваме од никого и за секој човек се бориме, еден за сите, сите за еден.

Подготвен сум да се соочам со предизвикот, се што било погрешно, да понудам решение за истото, а за се што било добро, а имало и во првата и во втората генерација, да го надградам и заедно сите да понудиме решенија за подобар живот на нашите сограѓани, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам годишна инфлација околу 3 отсто

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски