Преплашен крадец избегал од семејната куќа во Девон во Велика Британија кој ја ограбувал, откако во сред ноќ го уплашил огромен зајак.
Кимберли Меј, нејзиниот маж Мартин и нивната тригодишна ќерка Олива спиеле кога крадецот влегол во нивната куќа. Тој барајќи драгоцености направил врева која го разбудила огромниот зајак Тоби, кој бил во својот кафез во кујната. Семејниот миленик, тежок 4,5 килограми тргнал кон него правејќи врева скокајќи. Крадецот се уплашил и избегал.
– Отидовме на спиење околу 22 часот. Во раните утрински часови го слушнавме Тоби. Потоа престана да се движи и се смири. Помислив дека заспал. Подоцна се симнав во приземјето и видов дека фиоките се отворени. Повикав полиција затоа што забележав дека некои работи недостасуваат. Меѓутоа, многу од нив беа на каучот. Крадецот ги подготвил за да ги земе, но Тоби го уплашил и го спречил во тоа. Сепак, крадецот со себе успеал да земе неколку работи, меѓу кои и медаљата од Првата светска војна, лаптоп, ајПад и паричникот, изјави Кимберли.
– Да не беше Тоби, крадецот најверојатно би заминал на вториот кат и би земал уште некои работи. Освен тоа, тука беше и мојата ќерка. Лоши работи би можеле да се случат. Благодарни сме му на Тоби, кој се однесуваше како куче – чувар, додаде Кимберли.